Фундус камера со ФАФ

(Canon CR2 Plus AF)


Фундус камера е апарат со кој се прави фотографија на внатрешниот дел на окото, односно ретината, оптичкиот нерв, центарот за вид и целиот задниот пол со крвните садови. 

Во Визиа поседуваме последна генерација на Канон Фундус Камера што интегрира последна технологија за анализа на очното дно наречена ФАФ (Фундус Авто Флуоресценција). Со оваа технологија се избегнува ризикот од поранешната метода наречена ФА (Флуоресцеинска ангиографија) со вбризгување на инекција со контраст во вените на пациентот со сите свои компликации за добивање на истиот резултат.

Употребата на ФАФ како нова технологија се повеќе се зголемува во офталмолошката пракса во светот како што покажуваат бројни студии и истражувања.

Може да се користи за дијагоза на 

1. Одлепување на мрежницата

2. Глауком

3. Папиледем (оток на видниот нерв) каде фундус фотографијата е клучниот знак кој ни покажува зголемен интракранијален притисок кој може да се јави кај хидроцефалус, мозочни тумори

4. Дијабетична ретинопатија кај пациенти со дијабет

5. Хипертензивна ретинопатија кај пациенти со зголемен крвен притисок

6. Макуларни дегенерации

7. Венски оклузии

8. Други состојби на задниот пол (тумори, воспаленија..)

Методата е неинвазивна и потполно безбедна.

Работно Време

Понеделник - Петок     08:00 - 19:00

Сабота                                09:00 - 13:00

Контакт

(02) 309 20 40

(02) 309 20 30

070 339 164

eyecenter@vizia.com.mk

Vizia - Centar za oci