Глауком 

и видови 

на глауком

Глаукомот е опака болест на очите кој ако не се лекува правилно полека но сигурно води кон слепило преку оштетување на очниот нерв. 


Покачениот очен притисок е ризик фактор, па дури и луѓето со нормален очен притисок можат да го изгубат видот и тогаш имаме состојба на нормотензивен глауком, односно глауком со нормален IOP (интраокуларен притисок).

Др Жанина Петрова

ГЛАУКОМ


Глаукомот води до дефинитивно слепило преку оштетување на оптичкиот нерв

Покачениот очен притисок е ризик фактор, но дури и луѓето со нормален очен притисок можат да го изгубат видот и тогаш имаме состoјба на нормотензивен глауком односно глауком со норамлен ИОП (интраокуларен притисок).


Што е глауком?

Познавањето на значењето на оваа болест е прв чекор да се заштити видот.

Глаукомот е опасна болест, води до постепено губење на видот без предупредување односно често пати без симптоми.

Во раните стадиуми на болеста обично нема никакви симптоми.

Статистички половина од луѓето со глауком воопшто и незнаат дека го имаат.

Губењето на видот е предизвикано од оштетување на оптичкиот нерв.

Овој нерв е одговорен за пренесување на сликата што ја гледаме од окото до мозокот.

Сеуште нема лек против глаукомот.

Лековите или операцијата може да превенираат или успорат понатамошно губење на видот.

Раната детекција е најзначајна во запирање на прогресија на болеста.

Кај возрасните постојат 2 основни типови на глауком

- Глауком со отворен агол

- Глауком со затворен агол


Примарен глауком или глауком со отворен агол

Ова е најчеста форма на глауком.Се појавува кога дренжните канали во окото со тек на времето се инсуфицијентни па внатрешниот очен притисок расте бидејќи нормалниот истек на очната водичка неможе да се дренира надвор од окото.

Со овој тип глауком влезот до дренажните канали е чист и би требало да функционира правилно. Обично причината е во внатрешноста на дренажните каналчиња.

Повеќето луѓе немаат симптоми и никакви предупредувачки сигнали.

Ако овој тип глауком не се дијагностицира и третира на време може да доведе до прогресивно губење на видот.

Обично оваа болест се развива бавно и некогаш без забележителни промени во видот повеќе години. Капките за овој тип глауком добро делуваат, посебно ако болеста почне да се третира рано.

Глауком со затворен агол

Овој тип на глауком уште се нарекува и акутен глауком. Многу ретко е застапен и е многу поразличен од глаукомот со отворен агол. Посебно што очниот притисок обично расте многу брзо.

Настанува кога дренажните канали се блокирани со што е оневозможена дренажата.

Кај овие болни, ирисот или шареницата преминуваат преку дренажните каналчиња и ги блокира посебно при влегување во темна соба.

Лекувањето на овој тип глауком е обично оперативно и успешно. Симптомите на овој тип глауком се: главоболка, болка во очите, повракање, виножито околу извор на светлина навечер, како и многу заматен вид.



Останати типови глауком


Норматензивен глауком

Кај овој тип на глауком оптичкиот нерв е оштетен иако и интраокуларниот притисок не е многу висок (12-22 mmHg).

Висок ризик за ова заболување имаат луѓе со фамилијарна историја на норматензивен глауком.

Третирањето на овој глауком е со држење на нормалниот очен притисок  на што пониски вредности со лекови, ласерска интервенција или филтрирачка опција.

Причините за овој глауком се сеуште непознати. Испитувањата продолжуваат да докажат зошто некои оптички нерви се оштетуваат од релативно низок очен притисок.

Дијагнозата е преку испитување на состојбата на очниот нерв.

Ова се прави на два начина:

Првиот начин е со директно  посматрање на очниот нерв со инструмент – офталмоскоп, некогаш и случајно се дијагностицира преку рутински преглед на очното дно.

Вториот начин е преку испитување на видното поле.

Промените што ќе бидат детектирани на овој начин се типични промени за глауком.


Секундарен глауком

Настанува како резултат на повреда на окото, воспаление, тумори или напреднат стадиум на катаракта или дијабетес. Може да се предизвика и од лекови, на пример подолга терапија со стероиди. Третманот ќе зависи од причината што го предизвикала како и дали се работи за отворен или затворен агол на глаукомот.


Трауматски глауком

Повреда на окото може да доведе до секундарен глауком со отворен агол. Може да настане веднаш после повредата или неколку години покасно.


Неоваскуларен глауком

Абнормална формација на новостворени крвни садови на ирис како и преку дренажните каналчиња може да доведат до овој тип глауком.

Најчеста причина е дијабетес.

Овој тип на глауком е со лоша прогноза и е многу тешко да се третира и лекува.


Педијатарски глауком или конгенитален глауком

Може да е присутен уште со раѓањето (конгенитален) или да се појави во првите три години (инфантилен) глауком, а  јувенилен глауком се вика ако се појави кај тинејџери или млади луѓе што е исклучиво ретко.

Конгениталниот глауком е присутен со раѓањето и се дијагностицира во првата година од животот. 

Третманот е многу поразличен од глауком кај возрасни. Најважно е да се третира што порано за да се превенира слепило.

Обично лекувањето е хируршко.



Што треба да знаеме за глаукомот?


Симптоми:

Кај најчестиот тип на глауком (глауком со отворен агол) зголемувањето на очниот притисок е постепен така да пациентот нема болки или други тегоби.

На зголемен ризик од појава на болеста глауком се изложени следниве категории:

Особи над 60 години

Роднини на болни од глауком

Кратковидни особи

Болни од шекерна болест


Кога е потребен детален преглед на глауком?

Помеѓу 35 и 40 години  прв преглед

После 40 години на 2-4 години

После 55 години на 1-2 години


Дијагноза

При поставување на дијагноза најважно е да се проверат: очен притисок, состојба на видниот нерв, видното поле и коморниот агол на окото.


Очен притисок: нормално се движи измеѓу 10-22 mmHg или изразено во други мерки измеѓу 1.3 и 2.9 кРа.

Денес како најсовремена и најточна метода за мерење на очниот притисок е воздушно или безконтактно мерење на притисокот.


Виден нерв: (н. Оптикус): се прегледува така што се осветлува внатрешноста на окото и лекарот преку зеницата го гледа изгледот и бојата на нервот.


Видно поле: се прегледува да би се поставила точна дијагноза, а потоа еднаш или два пати годишно да се утврди дали во полето на видот има влошување односно дали болеста напредува. Овој преглед бара стрпливост  концентрација од страна на пациентот.


Коморен агол на окото: се прегледува со поставување на еден вид стакло во облик на призма на окото кое е претходно анестезирано со капки.

Лекување: Лековите за глауком се даваат во различни комбинации и јачина. Лекарот се труди да употреби најмала количина лекови кои даваат најдобар резултат со најмалку несакани ефекти. Лековите треба да се земаат од 1 до 4 пати дневно. Постојат различни врсти на лекови и нормално врстите и дозирањето на лековите може да се менуваат во тек на следење на болеста.

И на крај да се потсетиме уште еднаш за значењето на оваа подмукла болест:

Глаукомот настанува кога има премногу течност во окото обично затоа што се запушени одводните канали. Бидејќи течноста која неможе да истече од окото се ствара и понатаму, се насобира во окото и така настанува покачен очен притисок.

Покачениот очен притисок го притиска и турка видниот нерв позади и предизвикува негово оштетување.

Ако очниот притисок подолго остане покачен го уништува дел по дел видниот нерв.

Оштетувањето на видниот нерв се покачува со постепени промени во видот. Во почеток промените во видот се мали и не нго зафаќаат централниот вид (средишниот дел со кој гледаме кога гледаме прави пред ас или читаме). Промените во видот во почетокот се случуваат над, под и од страната на централниот вид така да болните од глауком не го приметуваат губењето на видот. Тек во завршната фаза на оваа болест доаѓа до пропаѓање на централните делови и потполно губење на видот односно до комплетно и дефинитивно слепило.

Работно Време

Понеделник - Петок     08:00 - 19:00

Сабота                                09:00 - 13:00

Контакт

(02) 309 20 40

(02) 309 20 30

070 339 164

eyecenter@vizia.com.mk

Vizia - Centar za oci