Како се лекува?
Дијабетичари има се повеќе, благодарение на лековите подолго живеат а поради тоа се се почесто компликациите на крвните садови.
Дијабетичната ретинопатија е компликација на шеќерната болест на очите која настанува кај голем број дијабетичари. Се работи за болест на ретината на окото која настанува кај дијабетичари кои долго време боледуваат од шеќерна болест.
Ретината е внатрешната овојница на окото составена од нервни клетки, а има улога да ги претвора светлосните дразби кои доаѓаат во окото во низ од електрични импулси кои преку видниот нерв или н. оптицус се пренесуваат во мозокот, а понатаму врз основа на тие импулси нешто слично споредено како на екран на компјутер се ствара слика. Ретината на окото има интензивен метаболизам и пропорционално на тоа има потреба од голема количина на крв и кислород, да можат нервните клетки интензивно да работат.
Проблем кај дијабетичарите е што малите крвни садови оболуваат така да ѕидовите им стануваат задебелени, така да настануваат мали зачепувања на капиларите.
Како резултат на ова нервните клетки не добиваат доволно кислород и хранливи материи, затоа функционираат отежнато а некои и изумираат. Настануваат цели регии на очното дно кои се сосема малку или воопшто не се снабдени со крв.
Така ги загрозуваат и региите кои уште имаат нормална исхрана и снабдување со кислород.
Ако процесот продолжи може да се изгуби не само видот, туку и постоењето на окото како орган заради што во некоја таква фаза на крајно оштетување може да се наложи потреба од енуклеација или отстранување на окото.
Со ласерско лекување се настојува да се смали процесот И прогресијата на зачепување на капиларите.
Оштетените регии тешко може да се вратат во функција, но може да се поработи да се спречат и контролираат оштетувањата на се уште зачуваните регии.
Со ласер се изолираат веќе уништените регии на ретината со цел да се спасат здравите делови.
Некогаш е тешко да се процени дали да се користи ласер кај секој поединечн случај, како и да се даде добра прогноза при користенје на овој тип лекување. За ова е потребно големо искуство.
Пожелно е пред одлуката за користење на ласер да се направи флуоресцинска ангиографија (ФФА) на очното дно, со што точно се утврдуваат промени во циркулацијата на ретината, така да одредени регии во кои крвните садови се толку изменети го пропуштаат контрастот надвор од крвниот сад и ствараат оток на ретината.
За жал денес не постои ни еден лек кој има значително дејство врз текот и развојот на дијабетичната ретинопатија.
Секој болен од шеќерна болест треба барем еднаш годишно да направи контрола на видот и преглед на очното дно кај лекар.
Секако болните од шеќерна болест треба посебно да внимаваат на исхраната затоа што - јаглените хидрати, протеините и мастите, односно се она што јадеме го подигаат повеќе или помалку нивото на шеќерот во крвта.
Затоа кај овие болни посебно треба да се внимава на планирање на оброците.
Главна цел на ова планирање е да се усогласат количината, типот и времето на оброците и ужината со инсулинот кој го произведува телото, или се убризгува со инекција.
Се разбира тука ви е потребна помош од стручно лице, односно од интернист-ендокринолог и нутриционист.
Уште една важна работа што би требало не само дијабетичарите ами и секој од нас да ја има секогаш на ум:
Физичка активност : 30 минути -5 пати неделно за да би биле поздрави и да останете во форма.
И умереното вежбање е корисно и може да го уврстиме во таа препорачана физичка активност.
Овој барем минимален ритам на физичка активност е голем бенефит од појавата на шеќерна болест како и многу други болести кај генетски предиспониани луѓе. А за бенефитот кај веќе болни од дијабетес не треба многу да се пишува, доволни се ефектите и подобрувањето на здравствената состојба во секој поглед.
Дијабетичарот не е само дијабетичар туку и потенцијален болен од кардиоваскуларни болести со сите опасни компликации од типот на инфаркт на срце или мозок, пред се заради пропаѓање и уништување на крвните садови за кои е погоре споменато.