Хирургија на Катаракта

Во Визиа имаме големо искуство во операцијата на катаракта. Веќе од самиот почетокот на постоењето на Визиа од 2002 година воведовме стандард на еднодневна хирургија, ги подобривме условите за операција а и со тоа чуството на сигурност кај пациентите. Затоа што кај нас доаѓаат да се оперираат паценти од цела  Македонија па и пошироко, разработивме систем за што пократко задржување на пациентот  со можност да се врати дома истиот ден. Успешноста е максимална и сите пациенти го шират веќе со години убавиот збор за Визиа.

ХИРУРГИЈА НА КАТАРАКТАЧЕКОР ПО ЧЕКОР



Предоперативен Преглед


Со предоперативниот преглед се утврдува нарушувањето на видот кое е настанато од катаракта, се евалуира стадиумот и типот на катарактата и се разговара со пациентот за кога би било вистинското време за неговата операција. Од останатите прегледи обавезно се мери очниот притисок, се прави ехографија за да се елиминираат евентуални други причини на намалување на видот и со помош на биометрија се одредува јачината на интраокуларната леќа или имплант за секој пациент посебно. Со вградување на вештачката леќа и нејзино правилно мерење можеме да ја подесиме сферичната диоптрија на пациентот. Диопртијата на интраокуларната леќа се подесува за да се подобри видот за далечна, додека за близина останува потреба за наочари. Освен ако пациентот не се одлучи за мултифокална леќа. Со помош на новиот ЛЕНСТАР апарат како најнова технологија успеавме многу успешно на пациентите да им ја корегираме претходната диоптрија. Но катарактата не смее да биде премногу зрела.


На денот на операција


Пациентот треба да дојде појаден, избањат и во чисти алишта. Ако има терапија што редовно си ја прима, не треба да јапрекинува освен ако прима таблети Аспирин, кои треба да се прекинат неколку дена пред операција но во корелација со лекарот кој ги препишал. Операцијата генерално трае околу 15 мин но треба да предвидите околу еден час со сите припреми. Се работи во локална анестезија и пациентите не чувствуваат никаква болка за време на операцијата.

После операција


После операција пациентот веднаш може да си оди дома. Болки не би требало да има дури и кога ќе помине анестезијата, но кај некои пациенти се случува да имаат болки, во тој случај можат да се напијат лек против болки како на пр. таблети Аналгин. На денот на операцијата оперираното око останува покриено со газа или пластична школка и треба така да се чува до наредниот ден од сабајле, кога треба да се извади и да се стават капки. После операцијата пациентот мора да мирува, да не се напрега за ништо, но не мора да лежи во кревет. Јадењето и пиењето не се ограничени.

Чистење на заматена леќа со Факоемулзификација

Ден по операцијата


Наредниот ден од сабајле оперираното око треба да се отвори од газата или школката и треба да се очисти. Имате препишано капки на оперативниот лист. Капките првата недела треба да се ставаат 5 пати на ден а следните 3 недели до еден месец од операцијата 3 пати ден. На секое ставање се ставаат 2-3 капки. Оперираното око во никој случај не треба директно да се притиска, за пациентот да не се заборави и за заштита од механичка повреда се препорачуваат било какви заштитни наочари без диоптрија. Тие наочари треба да се носат постојано и дома и надвор. За надвор може наочарите да бидат потемни, а за дома не е потребно да бидат темни. На спиење првите 10 дена до 2 недели треба да се лепи пластичната школка на оперираното око за да не се повреди во текот на спиењето. Телевизија може да се гледа, треба да се избегнува наведнување и кревање тешки работи. Тоа чување трае до еден месец од операцијата. После тоа пациентот е слободен да работи што сака.

Контролни прегледи


Првата контрола е по една недела од операцијата, за да се провери дали пациентот добро се чува, дали е се во ред со оперираното око и да се потсети пациентот дека капките треба да се намалат од 5 пати на ден на 3 пати на ден. Оваа контрола не е обавезна за пациенти подалеку од Скопје ако немаат никакви проблеми тие можат да се јават на телефон дека е се во ред.

Последната контрола е еден месец по операцијата. На оваа контрола би требало да дојдат сите оперирани пациенти затоа што се проверува видот и се даваат наочари посебно за близина и ако има потреба за далечина. Терапијата со капки исто така се прекинува. 

Ако има потреба заради разни болести и состојби на оперираното око, докторот може да ве повика на почести контроли.


Компликации


Како и кај секој вид на хирургија и кај операцијата на катаракта можат да настанат компликации. Во Визиа бројот на компликации го сведовме на апсолутен минимум со строго контролирана стерилност и со потрошен материјал за една употреба. Ако во светски рамки се зборува за 2% компликации во смисла да не се стави интраокуларна лека, комплицирани инфекции и сл. во Визиа овие компликации  не се ни 0,1%.

Единствена состојба која не се рачуна компликација а се јавува кај 10-20% од пациентите е појавата на секундарна катаракта, заматување на мембраната на која се потпира интраокуларната леќа и што може да настане од 6 месеци па до неколку години после операцијата. Пациентите чувствуваат заматување во видот како пак да им се ствара катаракта. Во таков случај имаме YAG Laser со кој без операција, без никаква анестезија ни болка за 1 мин го очистуваме тоа заматување.

Направен отвор во Секундарна Катаракта со YAG laser

Др Сашо Петров

Работно Време

Понеделник - Петок     08:00 - 19:00

Сабота                                09:00 - 13:00

Контакт

(02) 309 20 40

(02) 309 20 30

070 339 164

eyecenter@vizia.com.mk

Vizia - Centar za oci