Рефрактивните аномалии на очите се сè почести кај младите заради современиот начин на живот.
Што всушност значат
Кога формата на окото е абнормална, окото не го фокусира предметот и видот е замаглен.
Рефрактивните аномалии се најчест пролем меѓу популацијата.
Ако видот ви е замаглен кога гледате во објекти што се блиску или далеку од вас, би требало да се јавите кај вашиот очен лекар.
Др Сашо Петров
Што е најважно?
Вашиот доктор да ве прегледа и да утврди дека очите ви се здрави. После тоа да ви одреди адекватни очила или контактни леќи. Вo денешно време се повеќе млади луѓе се одлучуваат на кратка ласерска интервенција со која засекогаш се ослободувате од носењето на диоптерски очила.
Во најчести рефрактивни грешки спаѓаат:
Myopia (кратковидост)
Hyperopia (далековидост)
Astigmatizam
Presbyopia
Miopnoto (кратковидното) око е подолго од нормалното или има корнеа што е премногу стрмна да светлосните зраци се фокусираат пред ретината. Блиските објекти ги гледате јасно, но одалечените објекти се замаглени.
Hyperopnoto (далековидното)око е пократко од нормалното. Светлото од блиските објекти неможе да се фокусира јасно на ретината. Читањето од блиску може да биде отежнато.
Astigmatizam – се гледаат замаглено објектите и на далечина и на близина.
Корнеата е прозирниот прозорец поставен најнапред на окото. Нормалната корнеа е закривена и сферно зарамнета, слично на пресек од топка.
Кога постои астигматизам површината на корнеата е закривена во еден мердијан повеќе во однос на другите.
Можно е да приметите Presbyopia околу четриесет годишна возраст, кога почнувате да го одалечувате она што го читате подалеку со цел да може да го видите појасно. Ова е обицно прв знак од потреба за носење на очила за читање односно за почеток на Presbyopia.
Ако било која од овие рефрактивни аномалии биде лошо корегирана моше да предизвика главоболка.
Presbyiopia – очите со возраста ја намалуваат способноста за фокусирање и е нешто што се случува кај секој возрасен човек над четриесет години.
Во тој слуај очниот лекар ќе ви препорача очила за читање со кои ќе превенирате главоболка или чувство на заморени очи. Обично меѓу луѓето е погрешно мислењето дека со одложување на почнување на носење на очила за цитање ќе го зачуваат видот и здравјето на очите.
Честопати се случува некои луѓе да коментираат дека баш сега почнале да не гледаат на блиску какорезултат на долгата работа на компјутер или слично.
Се разбира ваквото мислење е сосема погрешно. Станува збор за нормална појава која е неизбешна кај секој возрасен човек после 40-45 години, а претходно немал потреба од користење на очила за гледање на далечина.
Рефрактивните аномалии моѓе да се појават во било која возраст почнувајќи од најраното детство. Со самото дијагностицирање дека треба и е неопходно да се користат очила за појасен вид , пациентот е должен да почне да користи очила или контактни леќи со што би добил јасен вид а би превенирал и други несакани последици.
Носењето на наочари или контактни леќи не доведува до зголемување на диоптријата како што некои мислат или обратно – задржување на диоптријата да расте – како што мислат други, туку се помагала кои служат за да се подобри и изјасни видот.
Диоптријата е вродена предиспозиција која зависи од растењето и староста на организмот.