Страбизам и мрзливо око

Ортоптичко - плеоптички преглед подразбира детектирање на страболошки параметри и евентуални амблиопии. Претставува задолжителен дел од офталмолошки преглед кај деца, но и кај возрасни кај кои истите патологии се присутни, независно дали се конгенитални или стекнати.











Служи за проверка на положбата на очите и уредност на нивната подвижност (мотилитет), соработката на двете очи, бинокуларен вид (фузија), мерење на агол на девијација и утврдување на стереоскопски вид како највисока инстанца од соработката  на двете очи.

Проверка на взаемната соработка на двете очи, е превенција од појава на амблиопија (мрзливо око) со помош на Titmus test i Lang,  тест со полароидни очила, како и соодветно негово лечење. Дијагностицирање на нистагмус (осцилација хоризонтална и ротациона) за кој се потребни подетални иследувања.














Процедура на определување на објективна диоптрија на детето е процес во кој се подразбира преглед на широка зеница заради исклучиво силната моќ на детското око за прилагодување (акомодација), за разлика од око на возрасен, бидејќи многу често може да замаскира и повисоки диоптрии кои не се во физиолошки рамки.
















Објективниот диоптер може да се утврди и кај помали дечиња, за што не е потребна нивна соработка, бидејќи се користи baby refractometar Plusoptix. Преглед на мидријаза ни помага, не само за утврдување на скриениот диоптер, туку и за откривање на латентен страбизам во форма на фории наспроти тропичниот.














Подетална проверка на преден и заден сегмент ни помага за утврдување на евентуални анатомски аномалии на пупилата и ретината.

Пишува

Мр. Силвана Боризовски

Ортоптичар

Плеоптичар

Во процес на рехабилитација на детскиот вид, неопходна е рана дијагностика и рана интервенција. Пластичноста на детскиот мозок ни дозволува за многу пократок временски интервал да процесот на рехабилитација биде поуспешен. Обратно пропорционално од возраста се изгледите за подобрување на визуелните параметри, што подразбира подобрување на видна острина, намалување на аголот на кривење на очите и превенција од мрзливост на окото.


Неопходна е дистинкција на состојбата мрзливост на очите и т.н. мрзливост на очните мускули, која како таква е се поприсутна кај помладата детска популација и се должи на се поредуцираниот нормален процес на развој на визуелната перцепција.


Постојат патологии во рамки на детското очно, за кои е неопходно интервенирање и да се реагира веднаш по дијагностицирањето, во рамки на хирургија, доколку станува збор за на пр. вродена катаракта или вроден покачен интраокуларен притисок и др.


Во рамки на страбологијата, ако станува збор за страбизам кој најчесто е хоризонтален (внатрешен и надворешен) колкав и да е отклонот и окото да има агол кој треба хируршки да се третира, сепак неопходен е ортоптички третман пред оперативно кој можеби и самиот по себе си ќе ја избегне операцијата. Доколку иста се исфорсира, а окото нема стабилизирана видна острина, тоа пак ќе се искриви. Компликациите од операциите може да го влошат примарниот окуломоторен систем и заради тоа потребата од вежбите е првенствена, како неинвазивен метод без никакви нус појави.

Што се однесува до плеоптичките вежби, кои се применуваат кај опасност од настанување на амблиопија или пак доколку истата е присутна во секаков облик. Најефикасен метод за лечење е со примена на стимулација на визуелните патишта. Тука вежбите се нужни и приоритет. Стимулацијата може да биде од различен карактер, најчесто фото-стимулација.

Работно Време

Понеделник - Петок     08:00 - 19:00

Сабота                                09:00 - 13:00

Контакт

(02) 309 20 40

(02) 309 20 30

070 339 164

eyecenter@vizia.com.mk

Vizia - Centar za oci