“Сонцето е главен извор на ултравиолетово зрачење кое може да го оштети ткивото на окото“.
Има три типа на UV зраци: UVА, UVB и UVC зраци.
UVA зраците може да допрат до ретината на окото по долготрајната изложеност на овие зраци може да доведе до дегенерација на жолтата точка.
Оштетувањето од UVА зраците е кумулативно, значи оштетувањето ене се гледа веднаш, туку со тек на времето окото се повеќе се оштетува, а последиците се трајни. Затоа се препорачува носење на очила за сонце уште од најраното детство.
Др Сашо Петров
Родителите мораат да внимаваат стаклата на очилата да бидат навистина квалитетни, во спротивно доколку стаклото е само темно без потребната заштита од UV зрачењето, тоа ќе нанесе само штета на очите, односно неквалитетните темни стакла ќе придонесат да се рашири зеницата со што UV зраците уште повеќе ќе навлезат во окото. Истата опасност важи и за возрасните. И диоптриските очила за сонце може да бидат со UV- заштитен фактор, без разлика на висината на диоптријата.
UV-B зраците се 10% од севкупното UV зрачење што допира до земјата. Но токму овие зраци претставуваат најголема опасност на здравјето на луѓето, па соодветно на тоа предизвикуваат најголемо оштетување на очите. Овој тип на зраци се број еден виновник за појава на рак на кожата, додека UV-C зраците немаат никакво влијание врз здравјето на луѓето.
Продолжената изложеност на очите на UV зраците без соодветна заштита може да предизвика појава на катаракта (старечко перде) или дегенерација на макуларната регија кои пак може да доведат до губење на видот.
Заштитата на очите од UV зраците е императив. Очилата за сонце со квалитетно стакло кое целосно го заштитува окото од UV зраците се неопходни.
При изборот на очилата за сонце кои би требало да ги блокираат UV зраците, треба да се имаат на ум неколку работи:
-купувачот треба да побара сертификат со кој се докажува дека стаклата навистина штитат од штетните зраци.
-ако на очилата има ознака поларизирани, таквите очила немаат заштита од UV зраци.
Ознаки на очилата од типот блокирање на инфрацрвени зраци или на сините зраци немаат заштита од UV – зрачење.
Задолжително да се провери дали стаклата на очилата се добро изработени и полирани.
Некогаш постои дилема која боја на стакла на очила за сонце да се одбере.
Најважно е да постои 100% заштита од UV зрачење. На многумина им е пријатна зелената боја на стаклата на очилата за сонце, се носат и кафеави тонови, најсветла препорачлива боја е бојата на шампањ. Очилата треба да штитат, но и да бидат пријатни за носење.
Контактните леќи како и интраокуларните леќи што се имплантираат во окото после операција на катаракта содржат UV филтер. Но и покрај ова оперираните пациенти мора да користат и очила за сонце како додатна заштита во летните сончеви денови.