Age Related Macular Degeneration (AMD)

Макуларна дегенерација поврзана со старост

Макуларна дегенерација (дегенерација на центарот за вид) е горлива патологија во офталмологијата која е врзана за постарата генерација и се јавува во неколку облици. Најчеста е сенилната дегенерација на макулата (ARMD) . Поретки се формите кај вродени дегенеративни промени (јувенилна макуларна дегенерација) или висока миопија.

Ризик фактори за нејзино настанување се:

-Возраста - ризикот за настанување на макуларната дегенерација расте со зголемување на годините особено после 50-тата.

-Изложеност на високо УВ зрачење низ животот уште од детска возраст (не носење наочари за сонце со УВ заштита на море, на снег, на планина и сл.)

-Фамилијарна историја за ова заболување - доколку некој во Вашата фамилија имал макуларна дегенерација имате зголемен ризик од тоа заболување.

-Професионално кај заварувачи и сл струки.

- Раса - позастапена е кај белата раса.

- Пушење

- Прекумерна телесна тежина

- Нездрав режим за исхрана особено намалено внесување на овошје и зеленчук, а со тоа и на антиоксиданси (супстанции кои ги врзуваат слободните штетни радикали).

- Кардиоваскуларни заболувања

- Зголемено ниво на холестерол во крвта



Кои се симптомите?

- заматување на централниот вид, особено при читање

- искривување на сликата

- губење на централниот вид

- но периферниот вид останува

Работно Време

Понеделник - Петок     08:00 - 19:00

Сабота                                09:00 - 13:00

Контакт

(02) 309 20 40

(02) 309 20 30

070 339 164

eyecenter@vizia.com.mk

Vizia - Centar za oci