Контактни Леќи

Што се треба да знаете за контактните леќи!

Контактните леќа е корективна козметичка или терапевтска леќа, поставена на корнеата н окото. Контактните леќи обично имаат за цел да корегираат одредена диоптрија, односно да заменат носење очила. 

Луѓето одбираат да носат контактни леќи поради различни причини. Многумина мислат дека се поатрактивни со контактни леќи отколку со очила. Контактните леќи нудат пошироко поле на гледање. Покорисни се и за голем број спортски активности. Постојат и офталмолошки проблеми како пр. Кератоконус ( конусно изобличување на корнеата) што неможат да бидат корегирани со очила па контактните леќи се неопходни. 


Др Жанина Петрова

Типови на контактни леќи



-Корективни контактни леќи:

Се леќи дизајнирани да го подобрат видот кога има рефрактивна аномалија: кратковидост (миопиа), далековидост (хиперметропиа), астигматизам.

Контактните леќи обично треба да се вадат секоја ноќ или на неколку денови зависно од типот на леќите.


-Козметички контактни леќи:

Дизајнирани се да ја променат бојата на нокото. Овие леќи исто може да го корегираат видот. Некогаш овие леќи имаат и директна медицинска индикација. Пример може да ги маскираат дефектите на ирис (оболениот дел од окото)во случај на аниридиа – состојба кога нема ирис или дискориа – кога има оштетување на ирис.


-Терапевтски контактни леќи:

Меките контактни леќи исто се користат во третман или лекување на нерефрактивни болести на окото. Овој тип контактни леќи ја заштитува повредената или болна корнеа од постојаното триење со трепкањето овозможувајќи и да заздрави.

Тие се користат и во лекување на состојби како булозна кератопатија, чир на корнеа или ерозија, кератитис, корнеален едем и многу други состојби предизвикани од различни болести на окото.


-Видови на контактни леќи:

Зависно од материјалот од кои се изработени постојат 3 вида контактни леќи:


-РММА (познати како тврди леќи) односно во поново време тврди гас пермеабилни контактни леќи.

Овој тип на леќи се препорачува кај луѓе со астигматизам или кератоконус.

Меките леќи се веднаш удобни за носење додека тврдите леќи бараат време на адаптација за потполен комфорт на носење.


-Меките силиконски хидрогелни леќи постојат уштеод 1999година. Имаат висок степен на кислородна пропистливост и зависно од типот се препорачуваат за продолжено ноќно носење повеќе денови.

Дневните контактни леќи се дизајнирани да се вадат навечер пред спиење. Постојат меки леќи за продолжено носење кои може да се носта континуирано преку 6 или повеќе вечери.

Со поновите типови на контактни леќи, како силиконските хидрогелни, можат да се носта континуирано до 30 ноќи, овој тип на леќи можат да се носта продолжено време благодарение на високата кислородна пропустливост, обично 5-6 пати повисока од конвенционалните меки леќи што овозможуваат окото да остане здраво.

Продолженото носење на контактни леќи може да го зголеми ризикот од корнеална инфекција или чир на корнеата, посебно ако нема доволна грижа и хигиена околу леќите или во случај кога солзниот филм е нестабилен па овозможува бактериска стагнација.

Најчеста компликација од продолженото носење на контактните леќи е коњуктивитисот, обично алергиски или гигантно папиларен коњуктивитис попнекогаш поврзан и со лошо фитирани контактни леќи.

Фрекфенцијата на менување на контактните леќи се делат и по нивното времетраење на користење.

Различните меки контактни леќи може да бидат категоризирани како леќи за една употреба (дневни леќи) кои се вадат и фрлаат секоја вечер. Препорачливи се за пациенти со очни алергии или други состојби на очите, како и кај луѓе што привремено користат контактни леќи за одредена цел (пример при пливање или други спортски активности).

Многу често контактните леќи се препишуваат за двонеделно носење или месечно.

Годишните леќи се препорачуваат кај луѓе кои константно користат контактни леќи  иако контактните леќи кои често се менливи имаат свои предности.

Тврдите гас пермеабилни леќи може да траат повеќе години без потреба да бидат заменети со нови.


Дизајн на контактните леќи


-Сферни контактни леќи за корекција на кратковидост и далековидост

-Торични контактни леќи за корекција на астигматизам

Некогаш може едното око да има потреба од сферна контактна леќа, а другото од торична контактна леќа.

Како очилата така и контактните леќи може да бидат сингл висион или мултифокални.

Мултифокалните контактни леќи се користат за корекција на пресбиопиа односно имаат сел да го подобрат видот и на далечина а и да ги заменат очилата за блиску.

Леќите за имплантација или ИОЛ се специјални мали корективни леќи кои оперативно се ставаат зад ирисот (шареницата) на окото секогаш при операција на старачко перде или катаракта, а и како начин да се корегира висок степен на кратковидост или далековидост.

Прегледот за контактните леќи може да го прават и оптичари али најголема улога имаат очните доктори.

Прво се прави преглед на окото, се проценува неговата состојба, постоење на алергии, или суви очи кои може да го оневозможат носењето на контактни леќи.

Многу луѓе кои веќе носат контактни леќи нарачуваат контактни леќи преку интернет, се разбира на нивни сопствен ризик.


Компликации:

Ги има 4% годишно кај лѓето кои носат контактни леќи

1.Очни капаци:

-Птосис (спуштени очни капаци)

2.Коњунктива:

-Контактен дерматитис

-Гигантнопапиларен коњуктивитис

3.Корнеа

-Корнеалната ерозија, улкус, хипоксија

-Кератитис или инфекција

-акутно црвено око

Корисење на контактни леќи:

Пред да се допрат контактните леќи најважно е миење на рацете со сапун.

Техниката на вадење и ставање на контактните леќи зависи од леќата, дали е мека или тврда.

Инсерција

Контактната леча типично се става во окото со ставање на леќата на врвот на показалецот со вдлабнатата страна на леќата ставена нагоре и директен допир врз корнеата. Гругата рака го држи окото отворено.

Вадење

Меките леќи може да се извадат со држење на капаците отворени и отстранување на леќата со другата рака. Може да предизвика иритација, има ризик од оштетување на окото или леќата, а некогаш може да биде отежнато од рефлексот на трепкање.

Грижа (чистење и дезинфекција)

Дневните контактни леќи не бараат чистење после вадењето се фрлаат додека другите типови на  леќи бараат регуларно чистење како превенција од инфекција.

За таа цел постојат различни типови на раствори за чистење и дезинфекција на контактните леќи меѓу кои најпопуларен е т.н мултифункционален раствор кој се користи за дезинфекција, чистење и чување на контактните леќи со што се елеминира потребата од таблети кои се користат за отстранување на наталожените ензимски протеини од контактните леќи. Овие протеинскли наслаги аконе се отстрануваат редовно го прават носењето на леќите неудобно и може да предизвикаат различни проблеми на окото.

Некои продукти може да бидат користени само со одредени типови контактни леќи затоа треба посебно да се внимава при нивното купување.










Работно Време

Понеделник - Петок     08:00 - 19:00

Сабота                                09:00 - 13:00

Контакт

(02) 309 20 40

(02) 309 20 30

070 339 164

eyecenter@vizia.com.mk

Vizia - Centar za oci