УСЛУГИ:

Во ВИЗИА се грижиме секој пациент да ја добие потребната услуга во најкратко време

ОПЕРАЦИИ:

На секој начин се стремиме да операциите бидат што помалку непријатно чувство

ОПРЕМА:

Поседуваме комплетна компјутеризирана опрема од последна генерација

ПОВЕЌЕPregledi.html
СО НАША ПОМОШ
          ПОБЛИСКУ ДО
         ЈАСЕН ВИД...
ПОВЕЌЕOperacii.html
ПОВЕЌЕOprema.html

ВИЗИА се докажа низ последната деценија со многубројни задоволни пациенти како од прегледите така и од оперативните ЗАФАТИ.

 
 

Овој ласер е најнова генерација на ласери за третман на различни патологии на ретината, во најголема мера Дијабетичната Ретинопатија како и крварења во ретината од различни причини, одлепување на ретината и останато.

Жолтиот ласер е последната технологија со која што се воведуваат многу подобрувања за пациентите во споредба на досегашниот Зелен Ласер

Во што е бенефитот за пациентите со Жолтиот ласер спрема Зелениот?

  1. 1Како прво продорноста и насоченоста на Жолтиот ласер низ оптичките медии на окото е поголема а со тоа се намалува енергијата со која се работи за разлика од Зелениот ласер.

  2. 2Жолтиот ласер прави помало оштетување на ретината а со тоа се зачувува квалитетот на видот на пациентот.

  3. 3Можеме да се доближиме поблиску до макулата што предтоа не беше можно со Зелениот ласер

  4. 4Помал ризик за пробивање на Бруховата мембрана (Bruch) и останати подобрувања во однос на Зелениот ласер кои се опишани во следната студија од универзитето во Станфорд

Ласерот имитува електромагнетен бран кој врши интерреакција со различните ткива на окото. Во текот на фотокоагулацијата температурата на ткивото се зголемува од 37 на минимум 50 степени давајќи денатурација на ткивните протеини и коагулација.


Меланинот - е најефективен во апсорпцијата на светлината. Сместен е во РПЕ (ретиналниот пигментен епител) и во хороидеата каде светлосната енергија се претвора во топлина. Концентрацијата на меланинот варира помеѓу пациентите и локализацијата на очното дно па поради тоа апсорбцијата на светлината се разликува.


Хемоглобинот и Ксантофилот играат исто така важна улога во апсорбцијата на ласерскиот сноп.

Ласерската енергија се апсорбира од РПЕ од каде топлината се шири до неуросензорната ретина. Кога ќе настане термичка промена на ретината се менува нејзината боја во форма на белузлави печати.

Индикации за 577 ласер:

1.Ретинална фотокоагулација

2.Панретинална фотокоагулација

3.Ендофотокоагулација

4.Третман на макула

5.Ласер трабекулопластика


Дијабетичната ретинопатија како најчеста индикација за ласер, претставува метаболно заболување како резултат на намалено лачење на инсулин од страна на панкреасот. Притоа настануваат промени во организмот и тоа во срцето, бубрегот, нервите, очите. Очните промени се манифестираат како заматување на леќата односно катаракта и промени на крвните садови на очното дно (дијабетична ретинопатија). Лошата метаболна контрола доведува до промена на зидот и пропустливоста на крвните садови. Тоа води до лоша исхрана т.е. исхемија која е причина за создавање на нови лоши крвни садови кои прскаат и крварат. Сите промени пациентот ги забележува како прогресивно намалување на видот. Офталмологот е често пати првиот во низата на дијагнозата на шеќерната болест. Тие промени се третираат со ласерфотокоагулација. Доколку не се третираат благовремено настануваат посериозни промени во вид на тракции на мрежницата со нејзнино одлепување кое се решава по хируршки пат.


Совети за сите дијабетичари:

- практикувајте лесни вежби во текот на денот

- избегнувајте консумирање на алкохол

- избегнувајте ја прекумерната тежина

- внесувајте зеленчук и овошје

- намалете ја солта

- внесувајте риба како туна, сардина..барем два пати во неделата

- регулирајте го крвниот притисок

- редовно контролирајте го HbA1C (7,0%-6,5% или помалку)

- конролирајте ја вредноста на холестеролот (< 4.5 mmol)

- не пушете

Жолт Ласер Lightmed 577nm